About

Планинарски спортски клуб Драчево “Филип Чакаров”, Скопје, Р. Македонија Здружение основано со цел запознавање на македонските планини и да се поттикнат други спортски активности, исто така организирање на планинарски тури и спортски активности надвор од Македонија. Целна група на клубот се сите оние кои ја сакаат и почитуваат планината. 
Друштвото управува со планинарскиот дом “Караџица” (изграден 1952год, пуштен во употреба 1954год) , кој се наоѓа на падините на планината Мумчица која е составен дел од планинскиот масив Јакупица, кој пак го зазема централниот дел од Република Македонија, на 1450м.н.в.